Свет

Бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто

26.12.2024 09:24

Командантот на полицијата Бернардино Рафаел обвини дека протестите пред затворот биле поттик за нередите.

Најмалку 33 лица загинаа, 15 се повредени, а над 1.500 затвореници побегнале по бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто.

Командантот на полицијата Бернардино Рафаел обвини дека протестите пред затворот биле поттик за нередите.

Мозамбик се соочува со ескалација на граѓански немири, поврзани со спорните избори во октомври, кои го продолжија владеењето на долго доминантната партија Фрелимо.

Опозицијата тврди дека изборите биле наместени.