Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка, најладно во Крушево

26.12.2024 08:59

Извештајот на УХМР во 8:30 часот, покажува дека најмногу снег утрово имал на Попова Шапка – 68 сантиметри. Маврово има 60 сантиметри, додека во Крушево 25...

Извештајот на УХМР во 8:30 часот, покажува дека најмногу снег утрово имал на Попова Шапка – 68 сантиметри. Маврово има 60 сантиметри, додека во Крушево 25.

Најмногу дожд до 7 часот наврна во Тетово – 8 литри на м2, додека во Тетово има и снежна покривка од 7 сантиметри. После Тетово со најголема количина дожд е Демир Капија со 7 литри на м2, додека во Скопје наврна 6 литри на м2.

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени-3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Тетово, Дебар и Претор, 3 во Скопје-Петровец и Штип, 4 во Куманово и Демир Капија, 6 во Струмица и Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.