Прва победа на кошаркарските јуниори
Конечно победа на македонските кошаркари до 18 години на Европското првенство од Бе-дивизијата. По трите порази од Словенија, Финска и од Норвешка, нашите јуниори денеска ја совладаа Швајцарија со 62-53 и со тоа ја избегнаа последната позиција во групата. На мечот во Софија, Андреј Цветковски беше најефикасен кај нас со 23 коша, а Филип Бакоч постигна 13 поени со девет скока.
Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ од среда ќе играат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место во конечното рангирање.