Опозициската партија во Јужна Кореја со предлог за отповикување на в.д. претседателот и премиерот
Претходно, со ваква процедура од функцијата беше сменет и претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 декември прогласи воена состојба...

Главната опозициска Демократска партија во Јужна Кореја поднесе предлог за отповикување на в.д. претседателот и премиерот на земјата, Хан Док-су откако тој изјави дека нема да именува судии во Уставниот суд додека ривалските партии не постигнат политички компромис. За предлогот во Парламентот ќе се гласа утре.
„Опозицијата врши притисок за да го оствари ексклузивното право на претседателот, а тоа се именувања во уставните институции, без договор меѓу владејачките и опозициските партии“, изјави Хан Дак-Су, вршител на должноста претседател на Јужна Кореја.
„Барањето двопартиска согласност во суштина значи одбивање и го повредува правото на Националното собрание да избира судии од Уставниот суд“, рече Ву Вон Шик, претседател на парламентот.
Претходно, со ваква процедура од функцијата беше сменет и претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 декември прогласи воена состојба во земјата што беше причина пратениците да гласаат за негово отстранување.
