Средба Дурмиши-Болат
На средбата којашто се одржа во Министерството за економија и труд двајцата министри разговараа за трговските и економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, како и за развивањето и продлабочувањето на овие односи...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со министерот за трговија на Турција Омер Болат кој е во еднодневна посета на Северна Македонија.
На средбата којашто се одржа во Министерството за економија и труд двајцата министри разговараа за трговските и економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, како и за развивањето и продлабочувањето на овие односи.
Како што потенцираше министерот Дурмиши на состанокот, Република Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер.
