Могила

Децата од Могила ги рушат предновогодишните стереотипи

26.12.2024 14:40

По многуте апели и испратени писма, Дедо Мраз, околу пладне со многу пакетчиња стигна и до децата од руралната општина Могила. Подароците во сенка на нивните космополитски пораки и љубов, да му возвратат со подготвениот новогодишен панаѓур и претставата за деца „Желбаркото“...

Децата од руралната пелагониска општина Могила ги срушија предновогодишните стереотипи. Можеби немаат богато накитена општина или отворено лизгалиште, но покажаа дека имаат силна волја преку нивните апели и многу испратени писма, тука меѓу нив со новогодишните пакетчиња да биде и најсаканиот старец.

Подароците во сенка на големата возбуда и универзални желби.

Неколку дена подготвуваниот хуманитарен новогодишен панаѓур, ја потврди хуманата душа и насоката дека добро се воспитуваат, велат педагозите.

А, токму радоста на децата и родителите е водилка во агендите на локалната самоуправа, во пресрет на идните Нови години.

За најдрагите гости децата ја одиграа и претставата „Желбаркото“.

 

Стевче Митревски