Пожар во центарот на Штип - изгоре куќа
Пожар кои два часа по полноќ избувна во центрот на Штип, до темел изгоре една, а оштети уште две други куќи. Пожарот започнал од покривната конструкција на една од куќите, но поради силниот ветар се раширил и на околните.
Пожарот први го забележале случајни минувачи кои ги повикале пожарникарите, но и ги разбудиле станарите од соседните куќи со што е избегната појава на повредени и жртви.
Засега не се познати причините за пожарот, а за среќа нема големи оштетувања на околните куќи.

Инаку, куќата која изгоре до темел е сопственост на АД за Стопанисување со станбен и деловен простор и оттаму, пред две недели насилно беа иселени диво вселени станари.
„Против пожарната единица беше информирана некаде околу 2 часот, веднаш излеговме на терен со едно возило и 6 пожарникари, кога видовме дека проблемот е ограомен, целата куќа беше во пламен, повикавме уште 8 пожарникари“, изјави Кирчо Патраклиев, Командир на противпожарната единица во Штип.