Кекеновски најави кандидатура за претседател
Професорот Јове Кекеновски и официјално ја објави својата кандидатура за претседател на државата која ќе ја поднесе на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Нема да дозволам претседателот да е само церемонијална личност“, рече Кекеновски. Ќе се залага за што поскоро решавање на спорот со името, за што ќе бара заеднички прифатена стратегија од сите партии, добрососедски односи со сите, а ќе инсистира и на потпишување договор за траен мир со соседните земји.
Професорот Јове Кекеновски и официјално ја објави својата кандидатура за претседател на државата која ќе ја поднесе на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Нема да дозволам претседателот да е само церемонијална личност“, рече Кекеновски. Ќе се залага за што поскоро решавање на спорот со името, за што ќе бара заеднички прифатена стратегија од сите партии, добрососедски односи со сите, а ќе инсистира и на потпишување договор за траен мир со соседните земји. За Кекеновски од исклучителна важност е почитувањето на различностите и, како што рече, крајно време е во Македонија да профункционира принципот на граѓанство. Смета дека тој е вистинскиот човек за извршување на претседателската функција.
