Економија

Минималец од 500 евра, намалување на придонесите, преквалификација на работници- компаниите со очекувања за 2025-та

26.12.2024 15:34

Каква година имавме на економски план, но и што нè чека во 2025 година? Комората на северозападна Македонија вели дека годинава била лоша, но се надева дека следната ќе биде подобро. За в година побараа минималецот да биде 500 евра, а не 450, но и преквалификација на дел од работниците од јавен во приватен сектор…

Минимална плата од 500 евра, намалување на придонесите, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија. Оттаму повторно го актуализираа прашањето за поврат на ДДВ кон компаниите. Како што изјави првиот човек на Комората, Менди Ќура, сите влади доцнеле со враќањето на данокот.

Од Комората на северозападна Македонија велат дека биле подготвени и да им исплаќаат минималец од 500 евра на вработените, ако државата ги намали придонесите од 47,7 на 32%, по примерот на развиените земји.

Комората на северозападна Македонија со апел до трговците и до компаниите за поскапувањето на дел од производите за 25%, да го одржат зборот.

Моторот на македонската економија, капиталните инвестиции, годинава не стасале ни до 50%, ама затоа за в година очекуваат да надминат 80%. Од комората го поздравија започнувањето на коридорот 8 и 10д, што придонело кон придвижување на економијата.

Од Комората на северозападна Македонија велат дека испраќаме година која била многу лоша на економски план, со надеж дека 2025 ќе биде подобра.

Комората бара итна интервенција од Владата за да се намали сивата економија, која надминува 40% од БДП.

Борис Грујоски