Македонија

Финансова спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“

26.12.2024 14:42

Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот Перпарим Бајрами, кои се во бегство.

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, потврди дека Финансиската полиција спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во Обвинителство, пренесува МИА.

На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено едно лице, Ивановски одговори потврдно.

Да, точно е, Финансиската полиција уапси едно лице поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.

Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот Перпарим Бајрами, кои се во бегство.

За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.