Собрание

Последни пратенички прашања во Собранието за оваа година

26.12.2024 16:05

Во Собранието седница за последни пратенички прашања за оваа година. На пратеничките прашања од шефот на Владата обелоденето дека на економско-социјалниот совет, ќе се разговара за доуредување на одредбите за недела како неработен ден. Или сите или никој да не работи, вели Мицкоски...

Постојано зборувате за нарушена безбедност и за тензии, како да правите тивок влез на интегративците во Владата. Опозицијата прашува премиерот одговара дека државата е безбедна, а Владата прави се за граѓаните. Од намалување на јавниот долг, преку зголемени субвенции до проектиран раст од 4 проценти.

ДУИ не отстапува од констатацијата моноетничка влада. Прашува и до каде е новиот Закон за правична застапеност по укинувањето на балансерот.

На пратеничките прашања од шефот на Владата обелоденето дека на економско-социјалниот совет, ќе се разговара за доуредување на одредбите за недела како неработен ден. Или сите или никој да не работи, вели Мицкоски.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани директен за уставните измени. Ќе ги доставиме до Собрание оној момент кога ќе сме сигурни дека ќе нема потенцијално вето од Бугарија.

 

Миле А. Ристески