Собрание

Гаши: За уставните измени потребна е политичка волја, во моментов нема двотретинско мнозинство

26.12.2024 15:50

Спикерот Африм Гаши на средба со новинарите. Ги соопшти собраниските планови за следната година. За уставните измени потребна е политичка волја, вели претседателот на законодавниот дом Африм Гаши...

За уставните измени потребна е политичка волја-вели претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Според Уставот и Деловникот на Собранието секој може да поднесе иницијатива, посочи спикерот. Оценува дека во моментов не може да се обезбеди поддршка од потребното двотретинско мнозинство, бидејќи нема предвидливост во пристапниот процес, ниту гаранции против ново вето за билатералните прашања, затоа, вели Гаши, нема потреба да се експериментира. Што се однесува до тоа дека уставните измени беа услов за нивно коалицирање во Владата, тој рече дека тогаш таков бил политичкиот контекст, а доколку и сега уставните измени се најдат на собраниска седница, Вреди ќе ги подржи.

Негативниот извештај за работата на Судскиот Совет, значи и дека Собранието, како што гласало за нивно назначување, така може и да ги отповика, и да почне процедура за назначување на нови судии. Предлогот според деловничката процедура ќе се разгледува на комисијата за избори и именување, а дополнително за правниот аспект ќе се консултира и Уставниот Суд. Станува збор за пет судии.

Интерпелациите на министрите Тошковски, Исеини, Меџити, Стоиљковиќ и пратеничката Даути се очекува да бидат ставени на пленарна седница закажана за на 10 јануари-најави претседателот на Собранието.

 

Марина Стојанова – Тонева