Случај „Лотарија“

Нов уапсен за случајот „Лотарија“

26.12.2024 17:23

Финансиската полиција уапсила уште едно лице за случајот „Државна лотарија“, приведен е Артан Ајрули од Куманово, сопственик на фирма што склучила 6 тендери за набавка во вредност од 370 илјади евра...

Финансиската полиција уапсила уште едно лице за случајот „Државна лотарија“. Приведен е Артан Ајрули од Куманово, сопственик на фирма што склучила 6 тендери за набавка на телевизори, компјутерска и комуникациска опрема, мултифункционални уреди и графички станици за ТВ-извлекување на лотарија, вредни 370 илјади евра.

Приведениот Ајрули е внук на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт, а се познавал и со екс-директорот на Државната лотарија Перпарим Бајрами кој се бара со меѓународна потерница.