Блажевски најдобар во Северна Каролина
Марко Блажевски е прогласен за најдобар пливач на првенството на Северна Каролина во сениорска конкуренција. Неговото прво место во трката на 200 метри градно со нов рекорд на Македонија, две минути, 18 секунди и 14 стотинки, има најголема вредност според табелата на ФИНА. Синоќа Блажевски постави личен рекорд на 200 метри грбно, 2.10.12, што беше доволно за да го освои второто место.
Другиот македонски претставник на овој шампионат Стефан Јанкуловски исто така постави личен рекорд, на сто метри слободно, но со време 56.14 не успеа да се пласира во финалето.