УКРАИНА

Зеленски на бранителите им ги додели највисоките државни награди

27.12.2024 08:11

Интензивни руски напади на украинско тло. Претседателот Зеленски на бранителите им ги додели највисоките државни награди – Златните ѕвезди на хероите на Украина – и специјалната борбена награда – Крстот за борбени заслуги...

Интензивни руски напади на украинско тло. Претседателот Зеленски на бранителите им ги додели највисоките државни награди – Златните ѕвезди на хероите на Украина – и специјалната борбена награда – Крстот за борбени заслуги. Почестите ги добија роднините на загинатите војници.

„Ова се имињата на луѓето благодарение на кои Украина постои. Во свет со речиси 200 независни држави, секоја има свој карактер и причина за постоење. За Украина, таа причина е нашиот народ. Вечен спомен на сите кои го дадоа својот живот за Украина, за животите на украинците“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во истовреме, Претседателот Путин тврди дека системот Орешник е многу моќно оружје и дека Русија повторно ќе го употреби доколку е потребно.

„Доколку е потребно, ако видиме дека е неопходно да се користи помоќно оружје со среден дострел, секако дека ќе го употребиме, но не брзаме. За нас не е тајна, не го криеме. Тоа се моќни оружја наменети за одредени задачи“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Рускиот претседател вели дека се посветени на прекин на конфликтот во Украина, а не на замрзнување.