Израелски напади насочени кон Сана
Израелските сили таргетираа позиции на Хутите во Јемен...

Израелските сили таргетираа позиции на Хутите во Јемен. Нападите беа насочени кон главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците, и пристанишниот град Ходеида. Од ОН велат дека ваквите акции се алармантни. Продолжуваат битките и во Газа. Светските агенции бележат жртви.
„Воздухопловните сили нападнаа цели на терористичката организација Хути во Јемен, како на крајбрежјето, така и во Сана. Ние сме решени да ја искорениме оваа терористичка оска на злото на Иран. Ќе истраеме додека не ја завршиме работата“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„Како што рековме, кој ќе го повреди Израел, ние ќе го повредиме. Ќе ги ловиме сите водачи на хутите, ќе ги удриме како што направивме на друго место. Никој нема да може да побегне од долгата рака на Израел. Ќе ги нападнеме за да ги отстраниме заканите за државата“, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
Израелскиот јавен обвинител и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Нетанјаху поради сомневање дека ги малтретирала политичките противници и сведоци во судењето за корупција на израелскиот лидер.
