СИРИЈА
Сириските бунтовници ги засилија безбедносните мерки во Дамаск
27.12.2024 08:19
Сириските бунтовници ги засилија безбедносните мерки во Дамаск откако избија судири меѓу поддржувачите на сегашната власт и оние на Башар Асад...

Сириските бунтовници ги засилија безбедносните мерки во Дамаск откако избија судири меѓу поддржувачите на сегашната власт и оние на Башар Асад.
Во немирите во средата загинаа шест исламски борци, а други беа ранети. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека борците биле убиени додека се обидувале да уапсат поранешен функционер во владата на Асад, обвинет за издавање наредби за егзекуција и пресуди против илјадници затвореници.
