Нимиц: Не носам нов предлог
Не носам нов предлог, изјави посредникот на Обединетите нации во разговорите за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кој денеска пристигна во дводневна посета на нашата држава. Тој ќе се сретне со државниот врв, а в среда заминува за Атина на средби и со тамошните владини претставници. Во официјалното соопштение на ОН, во кое се најави посетата, се наведува и дека целта на средбите е да се интензивираат разговорите под нивно покровителство, насочени кон изнаоѓање заемно прифатливо решение.

Вечер Нимиц има средба неформална средба со новиот специјален пратеник на претседателот Иванов, Васко Наумовски.