Руско - украински конфликт

Украинската војска зароби севернокорејски војник кој се бори на страната на Русија

27.12.2024 09:40

Војниците кои Северна Кореја ги испрати во Русија, според украински и западни извори, веќе трпат големи загуби на фронтот во Украина...

Војниците кои Северна Кореја ги испрати во Русија, според украински и западни извори, веќе трпат големи загуби на фронтот во Украина. Украинската армија зароби севернокорејски војник распореден во Русија, соопшти јужнокорејската разузнавачка служба. 

Украинскиот претседател тврди дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници загинале во регионот Курск.

На фронтот продолжуваат жестоки битки. Зеленски на бранителите им ги додели највисоките државни награди.

Во истовреме, Претседателот Путин тврди дека системот Орешник е многу моќно оружје и дека Русија повторно ќе го употреби доколку е потребно.