Невладините организации утре во Скопје на протестен марш за чист воздух
Протестниот марш за чист воздух започнува во 12:30 часот од Министерство за животна средина и просторно планирање, продолжува преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје...

Невладините организации и здруженија утре повторно ќе излезат на протест откако не добија одговор на нивните барања за спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето. Протестниот марш за чист воздух започнува во 12:30 часот од Министерство за животна средина и просторно планирање, продолжува преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје.
Организаторите велат дека протестираат повторно откако надлежните институции не нашле за сходно да одговорат на барањата на граѓаните за чист воздух изразени на протестот што се одржа на 10-ти декември.
Бараат од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето, стои во соопштението на повеќе здруженија меѓу кои се „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „О2 иницијатива“, „На точак“, „Независни за Карпош“.
Невладините организации и здруженија побараа од надлежните институции, Владата и општините да преземат итни и среднорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот.
