Започна реконструкцијата на автопатската делница Велес-Катланово
Над пет и пол милиони евра чини реконструкцијата на делницата од автопатот Велес-Катланово долга 23 километри која започна денеска. Во моментов Македонија е во екот на инвестицискиот циклус кој надминува една милијарда евра. Инфраструктуратае еден од главните услови за економски развој на државата.

Започна рехабилитацијата на автопатската делница Велес-Катланово, дел од Коридорот 10. Се работи за целосна реконструкција на 23 километри од делница која по бројот на дневно поминати возила е една од нај фрекфентните во државата.
„Целокупната инвестиција за рехабилитација на овој пат ќе изнесува преку 5,6 милиони евра и истата предвидува поставување на целосна нова асфалтна подлога, нова хоризонтална и вертикална сигнализација, нови мрежи за одрони“, рече премиерот Никола Груевски.
Коридорот 10 е крвоток на македонската економија и затоа проектите за модернизација на инфраструктурата се приоритетни, потенцираше вицепремиерот Ставревски.
„Се наоѓаме во екот на едeн инвестициски циклус кој што вкупно надминува една милијарда евра од кои 790 милиони евра се само зa трите главни автопати тоа се завршување на автопатот Демир Kапија - Смоквица од Коридор 10 како и двата други од Миладиновци до Штип и Кичево до Охрид“, рече Зоран Ставревски, вицепремиер и министер за финансии.
Досегашните но и новите инфраструктурни вложувања ја менуваат сликата за патиштата во државата која за четири години треба да добие 123 километри нова автопатска мрежа. Реализацијата на овој проект е пример за искористување на средстав од ИПА фондовите.
„Самата градежна инвестиција е околу 5,7 милиони евра од кои 85 проценти се средства обезбедени преку гранд од ИПА копонентата а 15 проценти се од Буџетот на РМ“, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
Паралелено се реконструкцијата на автопатската делница се работи и на рехабилитација на 13-те мостови од Велес до Катланово.
Експертите велат Македонија е лидер во регионот по реализација на проекти со кои се нвестираат во побрз и побезбеден сообраќај.
За изградба и рехабилитација на патната мрежа во Македонија во наредните четири години оваа Влада ќе инвестира околу една милијарда евра.
Дијана Иванова
