Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Најниски утрински температури денес беа забележани на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што термометрите покажаа-5 степени Целзиусови...

Најниски утрински температури денес беа забележани на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што термометрите покажаа-5 степени Целзиусови.
По нив следат Крушево со-4 степени, Берово со-2, како и Битола и Тетово со-1. Температури околу 0 степени се регистрирани во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци. Во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп е измерена температура од 1 степен, додека Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес забележаа 2 степени. Најтопло беше во Виница и Гевгелија, каде што се измерени 3 степени.
Висината на снежната покривка е 56 сантиметри во Маврови Анови, 4 во Тетово и 2 во Гостивар. Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно и студено.
Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
