Македонија

Внимателно со алкохолот и пиротехниката за време на празниците, апелираат здравствените работници

27.12.2024 11:11

Овие препораки се со цел граѓаните претстојните празници да поминат без алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди...

Умерено консумирање алкохолни пијалоци, воздржување од пиротехнички средства и оружје и редовно земање терапија за хронично болните, препорачуваат здравствените работници. 

Овие препораки се со цел граѓаните претстојните празници да поминат без алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.

Итната медицинска помош во Скопје ќе работи 24 часа за време на празниците, а на новогодишната ноќ дежурни ќе бидат поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ – Скопје известуваат дека нивната служба за Итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници 24 часа ќе им биде на располагање на граѓаните и ќе се грижи за нивната здравствена состојба