КОСОВО
Во Косово е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница
27.12.2024 11:51
Во Приштина е потврден првиот случај на вирусот М-покс или мајмунски сипаници, потврди Косовскиот институт за јавно здравје...

Во Приштина е потврден првиот случај на вирусот М-покс или мајмунски сипаници, потврди Косовскиот институт за јавно здравје. 30-годишниот државјанин на Косово е хоспитализиран на Инфективната клиника по враќањето од Западна Африка.
Институтот повика на претпазливост, додавајќи дека луѓето со мајмунски сипаници обично имаат благи или умерени симптоми, кои траат две до четири недели.
Поради вирусот, СЗО во август годинава прогласи глобална вонредна состојба за јавното здравје.
