Партии

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска

27.12.2024 12:23

Оставка на членката на Антикорупциска, Цвета Ристовска, преиспитување на случајот со дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски и расчистување на евентуалните неправилности...

Оставка на членката на Антикорупциска, Цвета Ристовска, преиспитување на случајот со дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски и расчистување на евентуалните неправилности при постапувањето на просветниот инспекторат – ова се барањата на опозициската СДСМ.

„Алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата која ја издала спорната диплома. Воопшто не е важо дали е платена за тоа или не. Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од Универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година. Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека Ристовска требало да биде изземена од овој случај. ДКСК треба да биде пример а не да остава впечаток дека штити било кого.