Германија
Штајнмаер го распушти Бундестагот, парламентарни избори во Германија на 23 февруари
27.12.2024 12:23
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер нареди распуштање на парламентот и закажување нови избори, по падот на владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер нареди распуштање на парламентот и закажување нови избори за 23-ти февруари, по падот на владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц.
На Шолц му беше изгласана недоверба на 16-ти декември, откако неговата трипартиска коалиција се распадна во ноември.
Лидерите на неколку големи партии тогаш се согласија, парламентарните избори да се одржат на 23-ти февруари, седум месеци порано од првично планираното.
