Здравство

Инфективна има недостиг од 100 здравствени работници, нови вработувања после Нова година

27.12.2024 12:41

Ако ни се случи пандемија ќе нема кој да не лекува на Инфективна клиника има недостиг од 100 здравствени работници, велат од Фондот за здравство...

Ако ни се случи пандемија ќе нема кој да не лекува на Инфективна клиника има недостиг од 100 здравствени работници, велат од Фондот за здравство.

Најавуваните вработувања на договорците на дело останаа без реализација, ќе можат да аплицираат за вработување по Нова година, но со оглед дека конкурсите ќе бидат отворени за сите, може и да не се вработат.

Од Фондот за здравство смируваат дека ангажманот во наредниот период ќе им биде покриен со договор на дело, нема да имаат прекини како минатата година.