Воен конфликт

Путин ја прифаќа понудата на Словачка да биде домаќин на можните мировни преговори меѓу Москва и Киев

27.12.2024 12:50

Рускиот претседател Путин ја прифаќа понудата на Словачка да биде домаќин на можните мировни преговори меѓу Москва и Киев. Но војната не запира, нападната е со сите орудија енергетската инфраструктура кај Запорожје, украинската одбрана одби 40 руски напади врз стратешкиот Покровск. Аеродромите во Казањ и Сочи се затворени по нападите со украински дронови. Од први јануари рускиот природен гас нема веќе да тече низ Украина до Европа. Бајден пред заминувањето од Белата куќа ја засили испораката на оружје за Украина …

Средбата Фицо-Путин во Кремљ со поконкретни резултати. Се изнедри словачкиот предлог, Братислава понуди земјата да биде платформа за мировните преговори, шефот на Кремљ прифати, Зеленски веќе ја критикуваше Словачка за неиспорачување оружје и за пријателски однос кон Русија. Москва не отстапува од ставот, Украина нема да стане дел од НАТО, Путин добил ветување од Бајден пред три години за одложување на членството за 15-ина години. Хиперсоничните ракети „Орешник“ ќе се распоредуваат и во Белорусија.

„Ако е потребно ќе употребиме многу посилно оружје од среден дострел, сега не се брзаме зашто се наменети точно да ги решат задачите. Почнавме со помасовно производство, дел од нив ќе биде распоредено во Белорусија“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Временскиот вакуум во пренесувањето на власта од Бајден на Трамп влијае на дипломатската позиција на Киев во тригодишната војна. Се интензивира американската на контингентите опрема.

„Најзначајно е што САД во моментов ги зголемуваат пратките. Потребно ни е оружје колку што го има Русија за да ги спречиме нападите. Потребна ни е посилна воена активност поради засилувањето дипломатска позиција. Секоја бригада, секој војник може да придонесе за нормален мир“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Војната се води и на економско поле, Украина од први јануари го затвора протекот на руски природен гас, што ја снабдува и Европа.

„Европа и Украина си стрелаат во нога. Преку договорот за транзит се казнува Европа. Цената на метар кубен се зголеми за 500 долари. И сега цените пак ќе се зголемат, за тоа се самите виновни“, изјави претседателот Путин.

Спорадични и специјални операции се одвиваат и во опкружувањето на Русија, на северот од источното крило на НАТО. Естонските власти задржаа руски трговски танкер, по уништувањето на подводниот оптички кабел меѓу Талин и Хелсинки. На бродот му недостига сидрото.

„И копнената инфраструктура треба да се заштити. Особено енергетските објекти бидејќи во февруари се одвојуваме од рускиот приклучок и се припојуваме на балтичкиот со континентална Европа“, изјави Лаури Лаанемец, министер за внатрешни работи на Естонија.

Борбите и натаму продолжуваат, во курдската област заробен севернокорејски војник. Москва обвинува за учество на воени платеници, таканаречените кучиња на војната, на страната на Киев.

Зоран Богатинов