Либија на прагот на граѓанска војната

28.07.2014 17:13

Либија е на прагот на граѓанска војната. Состојбата ескалира секој момент. Најмалку 38 луѓе загинаа во жестоките судири меѓу  либиската војска со радикалните групи во Бенгази. При престрелка на вооружени групи за освојување на аеродромот во Триполи, со ракета е погоден резервоар со шест милиони литри нафта. Либиската нафтена компанија предупреди на опасност од катастрофа. Граѓаните кои живета во радиус од 5 километри масовно се евакуираат. Светските медиуми известуваат дека црн чад го обвил небото над Триполи. Владата побара меѓународна помош за да се справи со огнената стихија.

Либија е на прагот на граѓанска војната. Состојбата ескалира секој момент. Најмалку 38 луѓе загинаа во жестоките судири меѓу  либиската војска со радикалните групи во Бенгази. При престрелка на вооружени групи за освојување на аеродромот во Триполи, со ракета е погоден резервоар со шест милиони литри нафта. Либиската нафтена компанија предупреди на опасност од катастрофа. Граѓаните кои живета во радиус од 5 километри масовно се евакуираат. Светските медиуми известуваат дека црн чад го обвил небото над Триполи. Владата побара меѓународна помош за да се справи со огнената стихија. Многу земји ги затворија амбасадите и ги повикаа своите граѓани да ја напуштат земјата или да не патуваат во Либија.

„Кризата во земјата предизвика конфузија кај населението, странците масовно ја напуштаат земјата“, изјави припадник на аеродромско обезбедување.

Погодена е резиденцијата на српската амбасад во Триполи. Нема повредени ниту жртви, направена е само материјална штета, пишуваат српските медиуми. Во Либија од 13 јули се водат интензивни борби во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, 400 се повредени, меѓу нив најмногу цивили. Владата не е во состојба да воспостави контрола врз екстремистите. Ова се најжестоки судири од 2011-тата година кога беше соборен Моамер Гадфи.

Марија Петковска