Три книги за деца на Брајово писмо
Промовирани книгите на Брајово писмо „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото писмо и Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 Јануари...
„Приказните за Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ достапи и на Брајово писмо, сите дел од задолжителните лектири на учениците од основното образование. Еднакви можности како и сите деца, да ги читаат класичните дела од македонската и светската книжевност.
Употребата на Брајовата азбука не е само начин на читање и пишување за лицата со оштетен вид, таа е симбол на самостојност, рамноправност и на неограничени можности.
Излегувањето на овие некомерцијални и исклучително скапи изданија, го помогна Министерството за култура но и други општествено одговорни компании и поединци.
Александра Спировска