Образование

МОН открил низа нерегуларности во научните институти, пет приватни се затворени

27.12.2024 16:45

На собраниска седница, предлог–законите за образование. СДСМ бара да се повлече законот за образовното со став дека врши дискриминација на децата со попреченост. Министерката повика да бидат изгласани. Пет приватни научни институции се затворени, немале програми, ниту научни дејности…

МОН открил низа нерегуларности во научните институти, 5 приватни се затворени, 15 имаат рок од три месеци да ги отстранат неправилностите.

Наместо да се занимаваат со наука, приватни научни институти работеле спротивно на законот со активности кои им носеле пари, а немале ни наставни програми, открила Комисијата која го вршела надзорот на факултетите. Министерката Јаневска очекува уште 10 приватни научни институти да добијат клуч на врата доколку не ги отстранат нерегуларностите во своето работење. И покрај заканите кон вработените во Министерството, најави дека ќе продолжат засилените надзори.

Образовните реформи влегоа во Законодавниот дом. Пред пратениците се најде пакетот закони за основно, средно стручно образование и за учебници. За измените Јаневска бара поддршка од сите пратеници, СДСМ вели-мора да се повлечат новините во законот за основно образование, бидејќи според нив тој е дискриминаторски за децата со попреченост.

Во пакетот закони не се најде и тој за средно образование, Владата го повлече на доработка поради најавите од пратениците на Европскиот фронт дека ќе го блокираат неговото носење поради можноста за интонирање на државната химна во училиштата. Јаневска е убедена дека тој наскоро ќе се најде пред пратениците.

 

Викторија Милевска