Новогодишна кошничка

Дел од трговците ги вратија старите цени по укажувањата на Владата

27.12.2024 16:16

Дел од трговците ги вратија старите цени по укажувањата на Владата дека ќе се применат непопуларни мерки. Инспекторите остануваат на терен. Надлежните велат, засега замрзнување цените нема да има. Потешка стана и новогодишната кошница. Во неа дополнителни основни млечни и месни производи.

По најавата на надлежните дека ќе се применуваат непопуларни мерки трговците се вразумиле и ги намалиле цените, па за сега нема одлука за замрзнување на цените-велат од Економија.

Во некои маркети пазарниот инспекторат регистрирал намалување и над 20 на производите од новогодишната кошница. Млеко и млечни производи, месо и месни производи, зејтин, ориз, се нови 30 производи од новогодишната кошница.

Додека пазаревме во еден од скопските маркети, поразговаравме со дел од потрошувачите. Некои велат дека цените се повисоки од претходно, други исти, но ретки се оние кои забележуваат намалување.

Одлуките за замразување се во фиока, будно се следи состојбата во маркетите ако има зголемување на цените ќе се активираат.

 

 

Александра Велинова