МВР

Законот стига и до оние што мислат да се сокријат, порача Тошковски

27.12.2024 15:56

МВР откри неколку случаи на корупција во изминативе месеци, законот стига до секого, порача министерот Тошковски. Вели дека е зачуден што Јавното обвинителство досега не побарало притвор за екс-директорот на ЕС, Ковачевски, недостапен за органите на прогонот, но осомничен за проневери од 6,5 милиони евра. МВР ќе ја прошири истрагата и за „Државната лотарија“, велат има индиции за конкретни кривични дела…

МВР откри неколку случаи на корупција во изминативе месеци, законот стига до секого, и до оние што мислат да се сокријат-порача министерот Тошковски. Вели, и покрај сите наоди од МВР за случајот за проневера на 6,5 милиони евра од екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, обвинителот не побарал притвор.

Јавното обвинителство покрена две одвоени постапки за криминал во „Државна лотарија“. Првиот, во којшто осомничени се екс-директорот на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами и екс-вицепремиерот Артан Груби, и две лица членови на комисии во Лотарија за злоупотреби на јавен повик и издавање лиценци. И вториот, за злоупотреба при јавни набавки за „Државната лотарија“ против екс-директорот на државна лотарија Бајрами и за Артан Ајрули, сопственик на компанија од Куманово која добила шест тендери за набавка на опрема за ТВ-извлекување во Лотарија вредни 370 илјади евра. Првиот човек на полицијата објави, истрагата ќе се проширува, има сомневања и за други лица.

МВР покрена меѓународна потерница за екс-вицепремиерот Груби и екс-директорот на „Државна лотарија“, Бајрами, коишто се надвор од државата.

 

Ирина Гелевска