Прилепско-пелагонискиот регион

Се подготвуваат проектите за користење на унгарскиот кредит

27.12.2024 16:57

Голем интерес и на стопанствениците од прилепско-пелагонискиот регион за користењето на средствата од унгарскиот кредит. Се подготвуваат проектите, дел стопанственици веќе знаат колку и за што ќе користат. Банкарите се зафатени со документацијата и процедурата, а Министерството за економија со повеќето мерки смета на стопански раст...

Стопанствениците од прилепско-пелагонискиот регион веќе ги подготвуваат бизнис програмите за користење на средствата од унгарскиот кредит. Сметаат дека нуди многу поволности, најмногу поради грејс периодот од 3 години

Според банкарите ова се предвидливи инвестициони циклуси кои носат стабилност. Наредниот период ќе биде за подготовката на договорите и целата процедура.

Во 2025 година, државата смета на економскиот раст до 3,7 проценти.

Пелагонискиот регион е втор по скопскиот според доходот.

 

Елизабета Митреска