Германија
Германскиот претседател го распушти Бундестагот и закажа избори на 23-ти февруари
27.12.2024 19:43
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска одлучи да го распушти Бундестагот и го одреди 23 февруари како ден за одржување предвремени парламентарни избори.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска одлучи да го распушти Бундестагот и го одреди 23 февруари како ден за одржување предвремени парламентарни избори.
Тој нагласи дека распуштањето на парламентот пред крајот на редовниот изборен период е „реткост во Германија“, но оти, со оглед на тоа што канцеларот Олаф Шолц ја загуби довербата на Бундестагот, нема друг избор.
Тој ги повика претставниците на политичките партии на предизборна кампања „полна со почит кон политичките противници“.
