Свет

Кирби: Има индиции дека Русија е одговорна за авионската несреќа во Азербејџан

28.12.2024 09:34

Авионот бил цел на руските системи за противвоздушна одбрана при обид да слета во Чеченија, но бил пренасочен кон Казахстан, каде што се случила несреќата...

Има индиции дека Русија е можеби одговорна за падот на азербејџанскиот авион над Казахстан, вели портпаролот на Белата куќа Џон Кирби. Авионот бил цел на руските системи за противвоздушна одбрана при обид да слета во Чеченија, но бил пренасочен кон Казахстан, каде што се случила несреќата.

Азербејџанските власти соопштија дека авионот бил под надворешен удар, вклучително и електронско заглавување на системот ГПС и експлозии на проектили. Сè уште не е позната официјално причината за падот на авионот.

Во несреќата загинаа 38 лица, а 29 беа спасени. Азербејџан повика на меѓународна истрага.