Регион

Во Хрватска предизборен молк во пресрет на претседателските избори

28.12.2024 12:00

На осмите претседателски избори учествуваат осум кандидати. Фаворит е актуелниот шеф на државата, Зоран Милановиќ...

Предизборен молк во Хрватска во пресрет на утрешното гласање. На осмите претседателски избори учествуваат осум кандидати. Фаворит е актуелниот шеф на државата, Зоран Милановиќ кој бара нов петгодишен мандат. Тој е кандидат на опозициската социјалдемократска партија.

Предвидувањата се дека ќе има втор круг, во кој Милановиќ ќе се соочи со кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац. Со право на глас се околу 3,8 милиони гласачи.