Црвен тепих за граѓаните
Повеќе од 300 граѓани денеска имаат можност да се запознаат со работата на Владата преку посета на нејзините простории. Посетата е организирана во рамките на манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“.
При обиколката граѓаните преку стручните служби ги посетуваат салата за билатерални средби, кабинетите на премиерот и на потпретседателите, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.
Бројот на граѓани кои сакаат да ја посетат Владата, од година на година е сè поголем.

Денешната манифестација се совпадна и со церемонијата на ротација на државното знаме, така што ученици и граѓани имаат можност да присуствуваат и на овој чин.
„Деновите на отворена Влада“ почнаа со Денот на идеи, а ќе завршат со отворената седница на Владата која ќе се одржи на 21 овој месец.
Манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“ се реализира од 2007 година.