САД

Во САД освоена вртоглава добивка на лотарија

28.12.2024 19:27

Жител на Калифорнија освои над 1 милијарда долари на лотарија. Добитниот тикет со шест добитни броеви е продаден во округот Шаста, Калифорнија...

Жител на Калифорнија освои над 1 милијарда долари на лотарија. Добитниот тикет со шест добитни броеви е продаден во округот Шаста, Калифорнија.

По три месеци без никој да ја освои главната награда, на извлекувањето во петокот вечерта бил продаден добитен тикет вреден околу 1 милијарда и 220 милиони долари.

Во август минатата година на Флорида, беше продаден досега најголемиот џекпот билет вреден 1,6 милијарди долари.