На пазарот на труд недостиг на квалификувани работници
Годинава ја завршивме со благо намалување на невработеноста и благо зголемување на вработеноста. Но во услови на иселување како да се размрда пазарот на трудот. На стопанството му треба поголема продуктивност за да биде конкурентно на пазарот...

Недостигот од работна рака поради иселувањето останува како проблем за стопанството не само во прилепско-пелагонискиот регион. Пазарот на трудот мака мачи со ниската понуда, а големата побарувачка на работна сила. Експертите посочуваат дека проблем останува високиот процент неискористен трудов потенцијал. Статистиката потврдува – континуирано има околу 10 000 слободни работни места.
Стопанството преку обуки и квалификации ќе ја бара соодветната стручна работна рака, а државата преку нова легислатива.
Активирањето на трудовиот потенцијал е битно за наредната година.
Елизабета Митреска
