Расте бројот на сообраќајни прекршоци

28.07.2014 17:45

За 4 проценти пораснал бројот на прекршоци на патиштата низ земјава. Полицијата во првите шест месеци од годинава регистрирала 73 152 или приближно околу 400 прекршоци дневно. Најголем дел од нив се направени на патиштата во Скопје. 

Статистиката на министерството за внатрешни покажува дека во главниот град се регистрирани 15 696 или по околу 80 дневно. Бројот на прекршоци во Скопје опаднал за 20 насто. Автопатната полиција забележала најмногу прекршоци, а грѓаните најчесто непрописно запираат и паркираат, употребуваат нерегистрирани возила, брзо возат, управуваат без возачка дозвола и возат под дејство на алкохол.