Ѓурчевски: Следење на лица без судска наредба не е дозволено
Мора да се знаат и нарачателот и извршителот – безбедносни експерти очекуваат целосно расчистување на случајот со следењето на Мицкоски, во улога на опозиционер од страна на службите. Обвинителството по допрен глас веќе отвори предмет…

Клопчето се одмотува, организираните криминални групи мора да бидат разоткриени, вели поранешниот началник на МВР, Ѓурчевски по отворањето предмет од обвинителството по допрен глас, за најавите на премиерот Мицкоски дека бил следен од безбедносни служби кога бил лидер на опозицијата. Според Ѓурчевски, без судска наредба и конкретни докази следењето не е дозволено. А, особено интересно е тоа што се случувало во време кога во игра било прифаќањето на францускиот предлог, за кој опозицијата беше против, вели Ѓурчевски.
Доколку агенциите навистина вршеле следење на опозицискиот лидер и сето тоа било евидентирано со соодветни службени белешки, истите требале да бидат доставени до Министерството за внатрешни работи и обвинителството – посочи Ѓурчевски. Одговорност мора да има и за нарачателите и за извршителите вели тој.
Ѓурчевски очекува брза постапка и крајна пресуда за сторителите, ако се обезбедат материјали дека сето тоа било сторено, во спротивно наредна фаза би создала разградување на безбедносниот систем.
Марина Стојанова – Тонева
