Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими министерот за правда, Филков

28.12.2024 20:13

Двајцата соговорници разговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.

Двајцата соговорници разговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.

На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата.