Свет
Авион се урна при слетување на аеродром во Јужна Кореја, најмалку 124 загинати
29.12.2024 09:18
Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе се зголеми, бидејќи преостанатите луѓе во авионот се водат како исчезнати.

Најмалку 124 лица загинаа откако патнички авион се урна при слетување на аеродром во Јужна Кореја. Авионот се излизгал од пистата и се удрил во бетонска ограда, по што се запалил. Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе се зголеми, бидејќи преостанатите луѓе во авионот се водат како исчезнати.
Според првичните информации, причината за несреќата е судир со птици и лошо време. Засега има двајца преживеани кои се членови на екипажот. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата.
