По првото полугодие отпишани 170 ученици во Куманово
Од кумановските училишта по првото полугодие се отпишале 170 ученици. Трендот на миграција во западноевропските држави не запира...

Вкупно 174 ученици од основните и средни училишта во Куманово се отпишале во текот на првото полугодие. Од секторот за образование велат трендот на миграција на семејствата во западноевропските земји не запира. Но дополнуваат загрижува што секоја година бројот на отселени семејства и отпишани дечиња е се поголем.
„Тоа е глобален проблем во кој ние како општина не можеме многу да влијаеме, но од ден на ден можеме да констатираме дека училишните клупи се празнат, така што родителите заминуваат на привремена работа и потоа си ги повлекуваат и учениците ги отпишуваат и запишуваат во училиштата каде што ќе се преселат да живеат“, истакна Александар Јовановиќ, раководител на сектор за образование.
Најголем дел од испишаните ученици се од основните училишта, помалку од средните.
Најголем дел од отпишаните ученици се од училиштата од централното подрачје, кои што се и најбројни.
Претходно проблем беше внатреопштинска миграција, од руралните средини кон централното подрачје. Но влијание врз се помалиот број и на запишани ученици има и падот на наталитетот.
Елена Георгиевска
