Украинската армија напредува кон местото на падот на малезискиот боинг
Украинската војска го стега обрачот околу местото каде што се урна малезискиот боинг – влегоа во Торез и во Шахтарск, во тек се борби за Первомајск и Снижне. Меѓународната полиција втор ден не може да му пристапи на местото на несреќата. Руското министерство за одбрана соопшти дека се лажни сателитските снимки што ги објави САД од наводното гранатирање на Украина од руска територија.

„Им требаа 10 дена да ги објават снимките. Експертите треба да кажат зошто. Ние ги објавивме нашите информации веднаш“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Според Киев, авионот бил погоден од шрапнели, поради што го изгубил притисокот. Од Обединетите нации став – уривањето на авионот е можеби вено злосторство.