Израел

Протести за враќање на преостанатите заложници на Хамас во Газа

29.12.2024 12:32

Толпа граѓани се собраа во Тел Авив во саботата со барање да се вратат преостанатите заложници на Хамас во Газа. По неколку месеци ќор-сокак, Израел и Хамас се чини дека се приближуваат кон прекин на огнот за ставање крај на 14-месечната војна...

Толпа граѓани се собраа во Тел Авив во саботата со барање да се вратат преостанатите заложници на Хамас во Газа. По неколку месеци ќор-сокак, Израел и Хамас се чини дека се приближуваат кон прекин на огнот за ставање крај на 14-месечната војна.

САД, Катар и Египет продолжија напорите за посредување претходно месецов и известија за поголема подготвеност на завојуваните страни да склучат договор. За време на нападот на Хамас врз јужен Израел во октомври минатата година, милитантите зеле околу 250 луѓе како заложници и ги донеле во Газа.

„Државата Израел мора да ги врати живите киднапирани, но не само нив, таа е обврзана и да ги врати оние кои повеќе не се живи. Ова не е само морална и етичка обврска, тоа е должност на државата. Во светлината на вредностите врз кои е изградена, дојде време да се осврнеме и на нив, со акцент и на паднатите војници кои се бореа за нас и беа турнати на дното“, вели брат на израелскиот војник.

„Денеска сум овде не само за киднапираните, не само за татко ми, туку и за мојата земја. На ранетата и раскрвавена земја на која и треба светлина, на која и требаат чуда“, вели ќерка на заложник.