Тешка авионска несреќа во Јужна Кореја, двајца преживеани
Светот го потресе нова авионска несреќа, овој пат во Јужна Кореја. Од 181 лице, засега само двајца се преживеани. Авионот кој летот од Банког при слетување на пистата во Муан се излизгал и удрил во бетонска ограда и се запалил. Причините за несреќата се непознати, но се претпоставува дека удрил во јато птици…

Стравотна авионска несреќа во јужна Кореја. Боинг 737-800 на јужнокорејската нискобуџетна компанија „Џеџу-Ер“ кој пристигнувал од Бангког при слетувањето на аеродромот во Муан, се излизгал на пистата, удрил во бетонска ограда и се запалил. На видеоснимките се гледа дека пилотот не успеал да ја постави опремата за слетување. Од 181 патник и членови на екипажот, пронајдени се само двајца преживеани – маж и жена, тајландски државјани. Над илјада и 500 пожарникари, полицајци, војници беа вклучени операцијата за гаснење на пожарот и извлекување на телата.
„Првите претпоставки се дека несреќата е предизвикана поради лошите временски услови или поради влетување во јато птици, но точната причина ќе биде утврдена по дополнителните форензички истраги“, изјави Ли Џеонг – Хјеон, шеф на противпожарна станица во Муан.
Авионот бил произведен во 2009-та година. Компанијата, основана во 2005-та година, е нискобуџетна авиокомпанија со меѓународни летови до Јапонија, Тајланд и Филипините, како и неколку домашни дестинации. Извршниот директор на авиокомпанијата „Џеџу-Ер“ се поклони пред јавноста во знак на извинување за една од најкатастрофалните авионски несреќи во Јужна Кореја.
„Упатувам искрено извинување и сочувство до сите кои го загубија животот во несреќата и до нивните семејства. Во моментов е тешко да се претпостават причините за несреќата, потребно е да се почекаат резултатите од официјалната истрага на надлежните органи“, изјави Ким е Бае – извршен директор на „Џеџу-Ер“.
Трагедијата се смета за една од најтешките несреќи во авиосообраќајот што се случиле при слетување. Во јуни 2007 година во Сао Паоло загинаа 187 патници и членови на екипажот откако „Еербас А320“ се излизга од пистата и удри во зграда.
Маја Стојанова
