Коцевски: Кртот не е во обвинителството
„Кртот“ кој помага на осомничени да бегаат од земјава не е во обвинителството, тврди државниот обвинител Коцевски. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема информација каде е груби но во тек е истрага. За екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е осомничен во друг случај, не барале притвор оти казната е до пет години …

Кртот кој им помага на осомничени да бегаат не е во Обвинителството – тврди републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Во интервју за Радио Слободна Европа, Коцевски вели оти не знае каде е поранешниот вицепремиер Артан Груби, но, оти е во тек истрага. Се проверуваат пропустите на полициските службеници. Се прегледуваат снимки од видеокамерите и се сослушуваат сведоци за да се соберат докази за кривичната пријава што ја поднесе МВР.
Коцевски не очекува да биде разрешен, иако, премиерот Мицкоски изминатиов период имаше серија забелешки и критики за институцијата којашто ја предводи. За позитивното мислење за амнестија на организаторите на настаните од 27-ми април, Коцевски вели оти не било дадено под притисок. Не знае дали тоа ќе биде случај и со екс-премиерот Груевски ако побара амнестија.
Републичкиот обвинител објасни дека не бил побаран притвор за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, осомничен во „Адитив“, бидејќи за тоа дело не е предвидена затворска казна поголема од 5 години. Не е познато каде е Васко Ковачевски.
Во однос, пак, на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и екс-генерален секретар на Владата, против кои МВР поднесе пријава, Коцевски рече дека кривичната пријава не е отфрлена, туку сè уште се истражува и ако има елементи на кривично дела, ќе се постапи и за двајцата пријавени.
Игор Панов
