Со злоупотреба на „Оземпик“ за да ослабнат, завршиле во болница
Во јавноста се поактуелен станува лекот „Оземпик“ кој лицата со дијабетес го употребуваат за нивното здравје, а на пазарот го бараат и оние кои сакаат да изгубат значителна тежина. Но, тој е дефицит во аптеките, а од таму велат може да се купи само со рецепт од специјалист.

Сами се боцкале со „Оземпик“ за да ослабнат, па завршиле во болница. За среќа биле спасени, но акутно воспаление на панкреас може да заврши и со смрт. Докторката Недеска-Минова апелира граѓаните коишто имаат проблем со тежината да земаат терапија само по препорака на лекар.
Од аптеките велат, лекот го издаваат исклучиво на рецепт или со извештај од специјалист, но „Оземпик“ се набавувал и од странство, а на пазарот се појавени и фалсификати.
Злоупотреби со „Оземпик“ и слични лекови се случуваат неколку години.
Некои од сопствениците на козметички салони имале непристоен предлог до лекарите, барале да ги научат тие да аплицираат „Озмепик“ за третманите за слабеење да имаат поголем и побрз резултат.
Наташа Јанчиќ - Менковски
